Ливерпул го задржува Клоп до 2022 година со нов мега договор!

Германскиот стратег Јирген Клоп доби нов побогат договор од раководството на Ливерпул откако пред 9 месеци седна на клупата на клубот од Енфилд.

клоп

Јирген Клоп на 8. октомври минатата година го наследи Брендан Роџерс, ќе го предводи Ливерпул до 2022 година, што значи дека останува уште 6 години на жешкото столче.

Претходниот договор на Клоп имаше важност до 2018 година, но челниците на клубот се задоволни од неговата работа и сметаат дека тој е иднината на Ливерпул, поради што и му бил понуден нов договор.

Клуп и Ливерпул на 2. јули ги започнаа подготовките за новата сезона, а во подготвителниот период ќе одиграат 9 пријателски натпревари.

Ливерпул минатата сезона ја заврши на осмото место во Премиерлигата и нема да игра во европските купови, а минатата сезона стигнаа до финалето во Лига Европа каде загубија од Севилја со 3-1.