И Пол Погба во мислите на Мурињо, спрема огромна сума за враќање во Јунајтед!

Loading

По Златан Ибрахимовиќ и Михтаријан, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по секоја цена го сака и играчот на Јувентус Пол Погба во своите редови.

погба

Португалецот се пофалил пред своите пријатели дека клубот наскоро ќе оствари трансфер на вредност од 80 милиони фунти.

Друг сериозен кандидат за Французинот е Реал Мадрид. Погба во моментов игра на Евро 2016 и в недела ќе го игра финалето против Португалија.

Фудбалерот забележа еден гол во пет средби на Европското првенство во фудбал чиј домаќин е токму неговата земја.