Лазаров го објави конечниот список на играчи за дуелите со Португалија – Еве кои ракометари добија шанса!

Loading

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.

На списокот на Лазаров се наоѓаат:

голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ
десни бекови: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски
пивоти: Жарко Пешевски, Костадин Петров и Марко Стојановиќ
леви крила: Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски
десни крила: Ненад Костески и Ален Ќосевски
средни бекови: Игор Ѓоргиев, Марио Танкоски, Марко Митев
леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов и Павле Атанасијевиќ
дефанзивци: Никола Марковски и Михајло Младеновиќ.

Македонската репрезентација игра во Групата – 1 заедно со Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.

Македонија средбите со Португалија ќе ги игра на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто.