(ФОТО) Досега невидени слики од Михаел Шумахер се објавени денеска – На нив како дете е и идниот светски шампион!

Loading

Здравствената состојба на Михаел Шумахер, ја заинтригира светската јавност, една деценија по тешката несреќа и кома.

шумахер1

Легендарниот Германец е недостапен за јавноста од 2013 година, кога преживеа тежок пад на главата додека скијаше на Алпите. Оттогаш тој е врзан за кревет, а семејството и сопругата Корина не дозволуваат јавноста да дознае за состојбата на Шуми.

Во најновите епизоди на документарниот серијал на Нетфликс „Вози до преживување“, беа објавени досега невидени фотографии од Михаел Шумахер.

Германецот кој има 91 победа во Формула 1 се појавува во епизодата во која во преден план е неговиот син Мик. Но, Макс Верстапен, актуелниот светски шампион, на две фотографии се појавува како момче кое е во друштво на Шуми.

Сето тоа ги изненади љубителите на Формула 1…

На една фотографија Шумахер ги држи во скут Макс и неговата ќерка Џина-Марија, додека на друга фотографија разговара со малиот Верстапен.

Познато е дека Михаел Шумахер и таткото на Макс, Јос Верстапен, биле добри пријатели додека се натпреварувале во Формула 1.

Во епизодата, Макс Верстапен зборува за растењето со семејството Шумахер. Михаел и Јос многу се дружеле додека возеле во Бенетон. Но и подоцна, кога Мајкл се пресели во Ферари.

,,Одевме заедно двете семејства на одмор кога бевме мали. И тие спомени секогаш ќе ми останат во сеќавање – изјави Холанѓанецот.