Исланд испиша историја, одигра реми 1-1 против силната Португалија

Loading

На Европското фудбалско првенство во Франција се комплетираше првото коло со последните две средби од Ф групата.

нани

Најголемото изненадување досега на шампионатот го направи Исланд кој освои голем бод против фаворизираната Португалија, откако во натпреварот, заврши 1-1.

Португалците како големи фаворити влегоа во натпреварот, а во првите 30 минути ја испуштија шансата да го решат победникот, иако Исланд преку Сигурдсон во четвртата минута ја пропушти првата голема шанса.

Португалија прва поведе во 31 минута преку Нани, откако по десната страна убаво комбинираа Рафаел и Андре Гомеш, кој нафрли од прва, а Нани ја проследи топката во голот на Исланд.

Голот на Нани беше јубилеен 600-ти во историјата на европските првенства.

португалија-исланд

Исланѓаните израмнија во раната фаза од вториот дел, во 50.минута, кога по центаршутот на Гудмунсон, Виериња заборави на Бјарнасон кој со полуволеј го совлада Риу Патрисио за 1-1 за прв бод на Исланд во деби настапот на европските првенства.

До крајот на мечот Португалците ја контролираа играта, но против организираната и борбената исландска одбрана, создадоа само една шанса.

Во 85.минута, Роналдо со глава биеше право во голманот на Исланд, а португалецот се израмни според бројот на настапите за Португалија со Луис Фиго каде сега и двајцата имаат по 127 натпревари.

бјарнасон

Исланд покажа дека нема да се предаде против било кој противник во групата Ф на турниот во Франција, а истовремено Португалија ни демонстрираше доста конфузна игра во одбраната која секако ќе мора да ја поправи на следните натпревари против Австрија и Унгарија.

Инсерти од мечот…