Македонската кошаркарска репрезентација со нов втор пораз ги заврши подготовките за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство 2017 година.
Македонските кошаркари во Марибор загубија и во вториот меч против Словенија овојпат со 82-67.
Македонија одигра добро прво полувреме, по кое Словенците имаа предност од само пет поени 43-38.
Но до новиот пораз избраниците на Драган Раца ги однесе лошиот финиш на третата и стартот на последната четвртина.
Македонските играчи во последните три и пол минути од третиот период не постигнаа кош од игра, во тој период реализираа само три слободни фрлања, а во последната четвртина цели четири минути беа без поени.
На крајот Словенците предводени од Препелиќ кој постигна 18 кошеви запишаа убедлива победа.
Македонија ја предводеа браќата Стојановски, Војдан постигна 14, а Дамјан 12 поени.
Квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година Македонија ќе ги започне против Луксембург на 31.август, а противници во групата уште ќе бидат Велика Британија и Унгарија.
Инсерти од мечот…