Се подобрува состојбата на Михаел Шумахер!

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер реагира на третманот кој го добива при лекувањето.

Оваа информација ја откри поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.

шумахер

,,Многу сум среќен и задоволен, затоа што реагира.

,,Знам колку е силен и убеден сум дека благодарение на решителноста ќе излезе од оваа крајно тешка ситуација, изјави Лука ди Монтеѕемоло.

Шумахер настрада за време на зимувањето во декември 2013 година.

6 месеци помина во болница во кома, по што беше преселен во својот дом во Швајцарија.

шумахер1

Неговото семејство не пренесува никакви информации за Шумахер, како и неговата портпаролка Сабине Кем.

Но јасно е дека ситуацијата оди кон подобро, а тоа е вест која секој посакува да ја слушне.