Аргентинецот Лео Меси сепак останува во Барселона до 2022 година.
Меси договорил нова соработка, а клаузулата за отштета ќе изнесува верувале или не 400 милиони евра.
Тој во 2022 година, кога ќе му истекне договорот, ќе има 35 години и најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Меси оваа сезона остана без двете најзначајни титули, во првенството и во Лигата на шампионите, а со тоа ќе остане и без „Златната топка“, која со голема веројатност ќе заврши во рацете на Кристијано Роналдо.
Доколку ја освои „Златната топка“, Португалецот ќе се израмни со Меси, двајцата ќе имаат по пет вакви награди.
,,Кристијано Роналдо е голем фудбалер кој поседува голем квалитет. Еден е од најдобрите во светот“ изјави Меси.
Најдобриот играч на Барселона открил дека најмногу болка во фудбалската кариера му нанеле поразите со Аргентина во финалињата на Мундијалот во Бразил и Копа Америка.
„Трипати бевме блиску, но решија детали. Мислам дека во клучните моменти немавме среќа. Едно финале загубивме во продолженијата, а две на пенали. Тие порази болат. Не е лесно да се вратите по такви порази, но ние успеавме, двапати“, заврши Меси.
Тој моментално се подготвува со репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот меч со Бразил.