Како малиот клуб стана голем – Беневенто на нашиот Јакимовски првпат ќе игра во Серија А (видео+фото)

Loading

Фудбалскиот клуб Беневенто за првпат во клупската историја ќе игра во Серија А.

Benevento

 

Беневенто во баражот за влез во елитата славеше минимално со 1:0 над Карпи. Првиот натпревар помеѓу двата тима заврши 0:0.

Голот кој значеше пласман во Серија А го постигна Георг Пушкаш во 32. минута.

Беневенто во својата досегашна историја најчесто се натпреваруваше во пониските рангови на италијанскиот фудбал, а во својата деби сезона во Серија Б заврши на петтото место, а потоа низ плејофот избори пласман во елитата.

bene3

Покрај Беневенто, од следната сезона во Серија А ќе играат уште и тимовите на Верона и Спал.

Голот и славјето на Беневенто по крај на мечот…

https://www.youtube.com/watch?v=Gvrw0_pOo2s