Македонија на 4-то место на ЕХФ, ги мина ракометните велесили Германија и Франција на листата

ЕХФ по сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите.

ехф

На најновата листа Македонија, благодарение на големиот успех на Вардар, ги мина на листата Германија и Франција и се искачи на четвртото место.

На ранг листата сега единствено Унгарија, Шпанија и Полска се подобро рангирани од нашата земја.

Зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина.

Бодовите ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони и според нив се одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18.

ракометна македонија

Во текот на следната недела ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимовите за сезоната 2017/18.

Се очекува освен Вардар во ЛШ повторно да го видиме и Металург.