Германија и Полска одиграа досаден фудбал за прво реми без голови на ЕП!

Loading

И во третиот, натпревар во рамките на второто коло од Групата Ц во Париз репрезентациите на Германија и на Полска одиграа без голови.

германија-полска

Во првиот меч на првенството на кој не беше постигнат погодок, Германија и Полска се задоволија со еден бод, што практично значи и дека го осигурија своето учество во осминафиналето, бидејќи забележаа победи во првото коло.

Германија беше подобра на почетокот од мечот, кога прво Геце шутираше со глава преку голот, а потоа Хектор шутираше крај левата статива.

германија-полска2

На почетокот на второто полувреме Милик пропушти неверојатна шанса за Полска по проигрувањето од Росицки и од два метра не успеа со глава да го погоди голот.

Во 69 минута Фабијански со крајни напори го одбрани ударот на Озил, а потоа и на резервистот Гомез.

Сепак, во завршницата на мечот, двете селекции се одлучија за помирна игра без ризици да примат гол кој нема да имаат време да го надоместат.

германија-полска2

Германија и Полска имаат по 4 бодови, Северна Ирска 3 а Украина е без бодови.

Инсерти од мечот…