Северна Ирска со историска победа на ЕП, падна Украина со 2-0 во групата Ц

На вториот меч во Лион, Северна Ирска со 2-0 ја совладаа селекцијата на Украина.

украина-северна ирска

Головите ги постигнаа Гарет МекОли во 49 минута и Најл МекГин во 96 минута од судиското продолжување, носејќи и на својата земја историскиот успех на континенталните натпреварувања.

Во 58 минута мечот беше прекинат, поради град, но и набрзо беше продолжен.

украина-северна ирска1

Украинците, преку Коваленко во 71 минута, испуштија можност да изедначат, конечно во шестата минута од судиското продолжение, резервистот МекГин во гол и триумф претвори една одбиена топка.

украина-северна ирска2

Украинците по два натпревара се без бодови и со гол разлика 0-4, така што само чудо и теорија може да ги однесе во следната фаза од турнирот.

Инсерти од мечот…