Франција со НБА ѕвездите ќе игра на квалификациите за ОИ во Рио!

Кошаркарската репрезентација на Франција со најсилен состав ќе настапи во квалификациите за ОИ во Рио.

франција

Селекторот на Франција Винсент Коле го објави списокот на кошаркари кои ќе играат на квалификацискиот турнир за Олимпијадата кој ќе се одржи во Милано, во кој се наоѓаат и пет НБА ѕвезди.

На списокот се 17 играчи меѓу кои кошаркарите на Сан Антонио, Тони Паркер и Борис Диао, Николас Батум од Шарлот, центрите Алексис Ажанса од Њу Орлеанс и Жефри Ловерн од Денвер, како и најкорисниот играч МВП во Евролигата, Нандо Де Коло кој со ЦСКА стана шампион во елитното европско натпреварување.

На листата уште се Коле и: Томас Ертел (Ефес), Антоан Дио (Валенсија), Нандо Де Коло (ЦСКА Москва), Фабијан Козер (Лаборал), Родриг Бобуа (Стразбур), Чарлс Кахуди (Асвел), Јаков Оутара (Монако), Флориен Пјетрус (Нанси), Адриен Моерман (Банвит), Микел Жалабал (Ле Ман) и Ким Тилие (Лаборал), Мохамед Аите (Нантер).

Франција за противници во квалификациската Б група, покрај домаќинот Италија ќе ги има и селекциите на Нов Зеланд и Филипини и има реални шанси да игра на Олимпијадата во Рио.