(ФОТО) Докторот кој го оперираше Новак носи лоши вести!

Loading

Ако се суди според прогнозите на докторот кој го оперираше Новак Џоковиќ, мали се шансите српскиот тенисер да игра на следниот гренслем Вимблдон.

Антоан Геромет, докторот кој во средата го оперираше Џоковиќ по повредата на десното колено за време на осминафиналето на Ролан Гарос, не е оптимист за брзото враќање на Србинот на теренот.

Новак во пет сета го победи Аргентинецот Серундоло, но потоа мораше да се повлече и да не излезе да игра со Каспер Руд.

Тој беше подложен на брза операција и моментално се опоравува.

Иако операцијата помина добро и без никакви проблеми, Геромет не верува дека Џоковиќ ќе биде подготвен за настап на третиот Грен слем во сезоната.

Вимблдон ќе се одржи од 1 до 14 јули, а Геромет му порача на угледниот „Тим“ дека мали се шансите целосно да се опорави за три недели.

„Во 45-те минути што ги поминавме со Новак, неговиот тим и Винсент Гиар, докторот на Француската тениска федерација, бев многу отворен дека се ќе зависи од реакцијата на неговото колено. Со постепено зголемување на товарот, ќе видиме дали останува „суво“ и без оток или болка. Тоа ќе биде напредок од ден на ден, но невозможно е да се предвиди во каква состојба ќе биде за недела или две и така натаму. Но да биде на 100% за две недели навистина изгледа тешко остварливо“, рече докторот.

Џоковиќ треба да го брани финалето од минатата сезона на Вимблдон, но прашање е дали воопшто ќе може да игра на трева оваа сезона.

Да потсетиме, по Вимблдон следуваат Олимписките игри во Париз.