(ФОТО) ЕВРО 2024: Ја претставуваме Групата Д каде се Франција, Холандија, Полска и Австрија

Loading

Групата Д беше една од оние каде што не сите репрезентации по ждрепката точно знаеја со кого ќе се соочат во првата фаза на ЕП во Германија.

Полска последователно го обезбеди своето место на турнирот преку плеј-офот, приклучувајќи им се на Холандија, Франција и Австрија.

Од имињата првите две места би требало да се резервирани за Холанѓаните и Французите, но нема дилема дека другите две репрезентации имаат на што да се надеваат.

Франција пристигнува во Германија како еден од фаворитите за нов трофеј. И покрај нешто послабото издание на ЕП во 2021 година, каде што беа исфрлени од Швајцарија, момците на Дидие Дешамп играа во три финалиња во претходните осум години (ЕУРО 2016, Светското 2018 и Светското 2022 година).

„Триколорите“ годинава го имаат најширокиот ростер на имиња во 21 век. На суперѕвездата од ПСЖ во нападот ќе и се придружат Усман Дембеле, Маркус Турам и секако незаменливиот Антоан Гризман.

Средниот ред го сочинуваат играчи на Реал Мадрид – Едуардо Камавинга и Аурелиано Чуамени. Пласманот во 1/8 финалето се подразбира.

Со Австрија играа пред две години во Лигата на нации, додека средбите пред тоа датираат од 2009 година. Тие лани играа против Холандија во квалификациите за ЕП и двапати беа подобри од „Лалиљата“, додека против Полска играа на СП 2022 во Катар и победија со 3:1.

По проблемите во квалификациите за ЕП во 2016 година и Светското во 2018, Холанѓаните врзаа три учества на големите натпреварувања.

Оваа година тие имаат можеби најголеми очекувања предводени од Роналд Куман. Искусниот стратег има исклучително добри и искусни имиња на сите позиции на располагање.

Сепак, најголем хендикеп веројатно ќе биде евентуалното отсуство на Френки Де Јонг. Нападот и одбраната се полни со таленти, а ќе видиме дали Куман знае да го искористи тоа.

Полска пристигнува на турнирот предводен од Роберт Левандовски, кој речиси сигурно ќе го одигра последното ЕП во кариерата.

Напаѓачот на Барселона во август полни 36 години, а тешко дека ќе го видиме на теренот и на 40 години во репрезентативниот дрес.

Зад „орлите“ се неуспешни квалификации, но имаа шанса преку плеј-офот да дојдат во Германија, што и го направија. Прво со убедлив триумф над Естонија, а потоа и со подобро изведување на пенали од Велс во Кардиф.

Ралф Рагник ќе ја предводи Австрија од клупата на ЕП. Во квалификациите завршија на второто место со само бод помалку од Белгија и дури девет бода повеќе од третопласираната Шведска.

Познато е дека најголемата ѕвезда во тимот Давид Алаба не се опорави од повредата и ќе биде надвор од составот за ЕВРО 2024.

Резултатите на последните три пријателски натпревари покажуваат дека Австријците изградија тимски дух и доаѓаат во Германија за да се пласираат во следната рунда од натпреварувањето.

Getty Images

Распоред на сите натпревари од – Група Д

1. коло – 16 јуни
Полска – Холандија – 15.00 часот (Хамбург)

1. коло – 17 јуни
Австрија – Франција – 21.00 часот (Дизелдорф)

2. коло – 21 јуни
Полска – Австрија – 18.00 часот (Берлин)
Холандија – Франција – 21.00 часот (Лајпциг)

3. коло – 25 јуни
Холандија – Австрија – 18.00 часот (Берлин)
Франција – Полска – 18.00 часот (Дортмунд)

Standings provided by Sofascore