(ВИДЕО) Не се сите шампиони на број – Кои се досегашни, а кои нема да играат во Германија!

Loading

На ЕВРО 2024 во Германија ќе учествуваат 24 селекции поделени во шест групи, а таму не се сите шампиони на број!

Заедно со СССР, земја која одамна престана да постои и чиј наследник е Русија, не и беше дозволено да се натпреварува поради војната во Украина.

Од поранешните шампиони во Германија нема да ги гледаме ниту нашите јужни соседи, земјата која во 2004 година ја направи најголемата сензација во Португалија (ако не и најголема) на досегашните првенства.

Од останатите шампиони, сите ќе се борат за новата титула во од 14 јуни до 14 јули оваа година.

Ниту Чехословачка не постои, но Чесите и Словаците како самостојни репрезентации и земји ќе се обидат да постигнат значаен резултат и да го повторат она што го постигнаа како заедничка земја во 1976 година во Белград.

Во 1996 година, на Чесите за малку им недостигаше уште еден голем успех на белградска „Маракана“, но немаа толку среќа на лондонски Вембли 20 години подоцна, кога Германија се реваншираше освојувајќи ја третата титула.

Покрај домаќинот Германија, рекордната четврта титула ќе се обиде да ја освои и Шпанија, единствената репрезентација која успеала да го одбрани трофејот, а на следното ЕУРО тоа ќе се обиде да го направи и Италија, двократниот шампион на Европа.

Два трофеи освои и Франција, а по еден Холандија, Данска и Португалија.

Ова е листата на сите шампиони на стариот континент од 1960 до 2020 година…

1960 – СССР
1964 – Шпанија
1968 – Италија
1972 – Германија
1976 – Чехословачка
1980 – Германија
1984 – Франција
1988 – Холандија
1992 – Данска
1996 – Намачка
2000 – Франција
2004 – Грција
2008 – Шпанија
2012 – Шпанија
2016 – Португалија
2020 – Италија