Дознајте кога и против кого би можел да игра РК Вардар во Лигата на шампионите!

Македонскиот ракометен шампион Вардар на 1 јули ќе ги дознае ривалите за претстојната сезона во ракометната Лига на шампиони.

РК ВАРДАР веќе е пријавен во ЕХФ од страна на Ракометната федерација на Македонија и ќе биде дел од ждрепката што е закажана во Виена на првиот ден од седмиот месец.

Досега се познати седум можни ривали на „црвено-црниот“ тим – Магдебург, Кил, ПСЖ, Барселона, Киелце, Порто, Динамо Букурешт, а викендов ќе бидат познати уште два по решавачките битки за титула во Унгарија (Веспрем/ПИК Сегед) и Данска (ГОГ Гудме/Алборг).

Покрај овие девет екипи, ЕХФ ќе додели и шест вајлд-карти, па кога ќе бидат познати сите учесници, ќе се знаат и шеширите пред ждрепката.

Потсетување, РК Вардар оваа сезона ја освои двојната круна во македонскиот ракомет.