Џоковиќ објави крај на сезоната 2017 – Дознајте колку ќе биде надвор од терените (видео+фото)

Loading

Новак Џоковиќ, поранешниот светски рекет број еден и официјално ја заврши тениската сезона 2017.

novak21

Србинот тоа го потврди на прес конференција која ја одржа во Белград. Џоковиќ изјави дека повредата на лактот е сериозна и истата бара мирување од околу 6 месеци.

Џоковиќ дополни и дека времето потребно за рехабилитација ќе го мине целосно посветувајќи се на своето семејство.

Долгото отсуство за тенисерот ќе значи и огромен пад на АТП листата. Тој нема да биде ниту во првите 10, што е првпат по пауза од 10 години.

novak2

Моментално се наоѓа на 4-тото место, а од понеделник ќе го нема ниту во првите пет на листата.

Како што изјави оваа повреда ја влече веќе 1,5 година, а кулминираше во осминафиналето на Вимблдон каде го предаде мечот против Бердих.

видео – kurir.rs