СE претвора во злато – Роналдо со една објава на социјалните мрежи заработува колку Македонец за цел живот (фото)

Loading

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во 2016 година, заработи повеќе пари од било кој друг спортист во светот.

ronaldo

Со платата во Реал Мадрид и приходите од рекламирање, Португалецот за една година заработил 90 милиони долари.

Оваа сума ги вклучува и средствата од објавувањето на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Британската компанија “Huper” специјализирана за следење на трендовите на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, го објави списокот на познати личности кои заработуваат најмногу од Инстаграм.

herba

Според овие резултати, Роналдо заработува 400.000 долари од обична објава на Инстаграм.

Ако ја земеме во предвид просечната плата во Македонија од 500 долари се доаѓа до заклучок дека за цената на една објава на Роналдо е потребно 800 месеци, или над 65 години работа.

Роналдо обично објавува фотографии каде носи некој познат бренд или стои до некој скап автомобил.

Кристијано Роналдо на Инстаграм има 106 милиони следбеници.