Болт ја истрча последната трка во Дијамантската лига – Првпат истрча под 10 секунди оваа сезона и победи (видео+фото)

Loading

Усаин Болт стигна до победа на митингот од Дијамантската лига кој се одржа во Монте Карло.

bolt

Јамајканецот истрча најдобро време оваа сезона од 9.95 секунди. Болт прв пат сезонава истрча по десет секунди во трка на 100 метри.

Освен Болт под десет секунди трчаше и Американецот, Ајзеа Јанг кој заостана три стотинки зад Болт.

Третото место му припадна на Акани Симбине од Јужна Африка кој истрча 10.02.

bolt1 bolt3

Јасно е и според најавите дека Усаин Болт ја трча својата последна сезона во кариерата, која ќе ја заврши со настап на Светското првенство во Лондон, што е на програмата од 5 до 13 август.

Погледнете ја последната трка на Болт во дијаманстката лига во Монако…

https://www.youtube.com/watch?v=ujtrFNZYbTA