Ракометарите добија 30.000 евра за пласманот на СП 2017 во Франција!

Loading

Ракометната Федерација на Македонија, на репрезентативците им ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017.

rakomet makedonija12

Македонија обезбеди пласман на Мундијалот во Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч од баражот.

Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на светските првенства, претходно настапуваше на СП во Египет во 1999, Хрватска 2009, Шпанија 2013 и Катар 2015 година.

На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.