Борко Ристовски нов играч на бундеслигашот Рајн Некар Левен

Борко Ристовски, нашиот прв голман на ракометна селекција, стана нов играч на бундеслигашкиот тим Рајн Некар Левен.

borko-ristovski

Ристовски го потрди трасферот од француски Кретил во Рајн Некар и денеска ќе го игра последниот меч за францускиот тим против Сесон по што заминава за Германија каде следниот викенд веќе има меч во Бундес лигата.

33 годишниот Борко по втор пат во кариерата ќе игра во силното национално првенство на Германија, а поканата и понудата од великан како Рајн Некар Левен, што се бори за трофеј на сите фронтови го натерало повторно да се врати во Германија.

Договорот е за времетраење од две и пол години и со нетрпение го очекува почетокот на оваа нова авантура, а првото искуство во Бундеслигата го имаше со Гумерсбах, но сепак во новата средина амбициите се поголеми.

Рајн Некар игра на два фронта, се натпреварува во ЛШ во група со Вардар и Барселона,  а по победата над Монпење, новиот тим на Ристовски се проби до 2.место на табелата, додека во Германија е лидер на табелата без пораз по 13 одиграни кола.