Баерн Минхен потпиша нов, историски договор со компанијата за спортска опрема„Адидас“ вреден неверојатни 900 милиони евра.
Адидас, која е и малциснки сопственик на клубот, одлучи да ја продолжи соработката со баварскиот гигант во наредните 15 години, до 2030 година.
Претходниот договор беше со важност до 2020 година, а сега е продолжен на уште 10 години и во тој период Баерн ќе добие 900 милиони евра, односно по 60 милиони евра годишно.
Тоа е најскап вкупен договор во моментов меѓу клуб и производител на спортска опрема во историјата на германското првенство, но не и во светот.
Рекордот го држи Манчестер Јунајтед кој, исто така со „Адидас“, потпиша десетгодишен договор за над 1 милијарда евра, или околу 100 милиони евра годишно.