Баерн Минхен му предложи нов, одличен договор на тренерот Пеп Гвардиола и директорот на клубот Румениге е убеден дека шпанскиот стартег ќе стави потпис на истиот.
Договорот на Гвардиола со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната и поради тоа неколку европски гигнати покажуваат голем интерес, пред се Манчестер Сити, но Румениге смета дека Пеп тешко ќе може да ја одбие понудата на Баварците.
Има одлична понуда на маса, која не може да се одбие лесно. Ќе имаме сериозен разговор со Пеп во наредните недели, па ќе видиме што ќе се случи.
Сакам повторно да ја освоиме Лигата на шампиони со Гвардиола на чело.
Гвардиола веќе трета сезона е на клупата на Баварците каде освои две шампионски титули во Бундес лигата, но два пати беше декласиран во полуфиналето од ЛШ.