Алексеј Швед е најплатен играч во Евролигата

Алексеј Швед од Русија е најплатениот играч во кошаркарската Евролига со годишна плата од 3,4 милиони евра.

CKBtpE7WwAAoP7I

Зад играчот на руски Химки на на второто место на најплатени европски кошаркари се најде Шпанецот Руди Фенандез од Реал со годишна плата од 2,8  милиони евра, а трет е Англичанецот Џоел Фриленд кој од ЦСКА прима 2,7 милиони евра.

Легендата на Олимпијакос, Василис Спанулис заработува 2,6 милиони евра.

По него, со плата од 2,5 милиони евра следат Србите Ненад Крстиќ од Анадолу Ефес и Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва и Шпанците Хуан Карлос Наваро и Серхио Љуљ од Реал Мадрид.

Во првите десет се најдоа и Тајриз Рајс од Химки со 2,3 милиони евра, и Јан Весели од Фенербахче со плата од 2,2 милиони евра.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ, во Фенербахче игра за годишна плата од 1,2 милиони евра и тоа го става на 32. позиција.

Антиќ е доведен како големо засилување. Тој во изминатите две години беше дел од НБА клубот на Атланта Хокс, каде што остави мошне позитивен учинок.