AUS Open 2016: Федерер со 300-та победа на гренслем турнирите, Џоковиќ лесно до 1/8 финале

Loading

На 5-от ден од тенискиот гренслем Австралија Опен не се случија изненадувања, па така фаворитите обезбедија пласман во следното коло.

Roger Federer of Switzerland in action at the Australian Open

Роџер Федерер стигна до својата 300-та победа на гренслем турнирите откако со 3-1 во сетови го победи Григор Димитров во 3.коло со 6:4, 3:6, 6:1, 6:4.

Федерер, против Димитров, загуби еден сет, но сепак со рутинска игра за 156 минути избори пласман во четвртото коло на Грен слемот во Мелбурн.

Федерер е единствениот играч кој на четирите најголеми турнири стигнал до 300 победи. Далеку зад Швајцарецот се Џими Конорс со 233 победи, односно Андре Агаси 224 и Иван Лендл.

Сепак најголема закана за рекордот на Федерер претставува најдобриот во светот Новак Џоковиќ, кој има 209 победи.

Пласман во 4.коло обезбедија уште и Гофин, Нишикори, Симон, Џоковиќ.

Кај дамите Серена Вилијамс и Марија Шарапова со 2-0 во сетови се пласираа во 4.коло по победите над Касаткина и Дејвис.

Во следното коло се пласираа и Бенчиќ, Радванска, Гаспарјан, а изненадена беше Винчи која загуби од Фридсан со 2-1 во сетови 0-6, 6-4 и 6-4.