Челзи го донесе Пато од Коринтијанс!

Бразилецот Алесандре Пато, е нов играч на Премиерлигашот Челзи со кој ќе потпише тригодишен договор.

pato-chelsea

Пато веќе неколку месеци се поврзуваше со трансфер во Челзи, особено откако клубот погреши кога го донесе Радамел Фалкао. Трансферот изнесува помеѓу 8 и 10 милиони фунти, а Коринтијанс ќе добие 60% од парите.

Пато, е еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, на 17-годишна возраст пристигна во Европа, кога потпиша договор со Милан. Во Италија остана до 2012 година, кога поради многубројните повреди реши да се врати во Бразил.

Во кариерата Пато има настапувано уште за Интернасионал од Порто Алегре и Сао Паоло, додека за бразилската репрезентација има 27 натпревари и постигнато 10 голови.