Дали е ова крајот на Ван Гал? Доби забрана за трансфери од Јунајтед!

Loading

Тимот од Олф Трафорд, Манчестер Јунајтед му забрани на тренерот Луис Ван Гал да носи нови играчи во овој трансфер период.

van gaal

Ван Гал оваа сезона неколкупати изјавуваше дека Манчстер Јунајтед треба да се засили во јануари, но управата нема да му дозволи да купува, бидејќи се спрема неговиот отказ на крајот на сезоната.

Јунајтед ќе се обиде да го донесе Гвардиола, а не сака да ризикува и да донесува играчи кои нема да му одговараат на шпанскиот стратег.

Сепак конкуренцијата за Гвардиола е огромна, но сигурно е дека Ван Гал од следната сезона нема да биде предводиник на „црвените ѓаволи“.