Атлетико Мадрид и капитенот Габи заедно до 2018 година!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи, ќе остане на Висенте Калдерон до 2018 година.

габи

Тој потврди продолжување на соработката со потпис на новиот договор.

Актуелниот важеше до крајот на сезоната.

„Веднаш се договоривме. Лесно постигнав договор со саканиот клуб. Се додека можам да играм на ниво кое го бара Атлетико ќе бидам тука“, рекол Габи.

33 годишниот играч минал во младинската школа на Атлетико, потоа беше играч на Гетафе и Сарагоса, а во 2011 година се врати во матичниот клуб.

Габи со Атлетико има освоено четири титули во (Примера, Купот на Кралот, Лига Европа и Суперкуп на УЕФА), но и загуби две финалиња во Лигата на шампионите.