Се враќа порано од очекувањата, Марија Шарапова доби намалена казна!

Арбитражниот спортски суд во Лозана делумно ја прифати жалбата на руската тенисерка Марија Шарапова.

шарапова

Казната и суспензијата сега е намалена од 2 години на 15 месеци.

Меѓународната тениска федерација ја казни Шарапова бидејќи беше позитивна на мелдониум на допинг контролата за време на гренслемот во Мелбурн.

Во образложението на одлуката, Судот наведува дека „Шарапова сноси дел од одговорноста“ за користење на лекот за срце, кој официјално беше забранет на 1 јануари оваа година, поради што суспензијата не можеше да биде укината, туку само намалена.

По оваа одлука, Марија Шарапова ќе може да се врати на тениските терени на 26 април следната година и да заигра на гренслемот Роланд Гарос во Париз.