Антонио Конте селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, е најсериозен кандидат за наследник на Жозе Мурињо на клупата на Челзи.
Мурињо по серијата на лоши резултати се наоѓа под силен притисок, бидејќи англискиот шампион по 10 натпревари во шампионатот се наоѓа на 15-то место со само 11 освоени бодови.
Конте во кариерата бил тренер на Арецо, Бари, Аталанта и Сиена, а со Јувентус освои три шампионски титули во Серија А и два Суперкупа на Италија.
Челзи во следното коло го игра големото дерби против Ливерпул, а како што шпекулираат англиските медиуми, сопственикот Роман Абрамович веќе го загубил трпението и во случај на неповолен резултат ќе му врачи отказ на Мурињо.
Освен Конте во игра за нов тренер на сините од стемфорд бриџ се и поранешните тренери на овој клуб Анчелоти и Хидинк.