Зидан до 2018 ќе го предводи Реал Мадрид

Loading

Зинедин Зидан потпиша договор во времетраење од 2 години, колку што траеше и неговиот претходен договор со втор тим на Реал Мадрид, Кастиља.

-

Исто така Зинедин Зидан доби и зголемување на платата, иако не преговарал туку ја прифатил понудата на „кралскиот клуб“.

Пред да седне на клупата на Реал Мадрид Зидан беше тренер на Кастиља 1,5 година.

Моментално Реал Мадрид се наоѓа на третото место на табелата во Шпанската примера лига со 50 бодови, еден помалку од Атлетико Мадрид кој е втор и четири помалку од Барселона која е лидер на табелата со 54 бода.