Две големи светски имиња потпишаа за РК Вардар!

Ракометниот шампион на Македонија Вардар со две нови имиња ќе се обиде да се искачи на самиот врв на клубска ракометна Европа.

ivan

Станува збор за хрватското крило Иван Чупиќ кој по крајот на оваа сезона ќе се пресели во Скопје и ќе ја засили екипата на Вардар.

Десното крило на хрватската репрезентација настапуваше во полски Киелце каде што успеа да освои по три шампионски титули во полското првенство и купот и два пати завршуваше на третото место во Лигата на шампионите.

Хрватот самиот побарал да се пресели во Скопје, а ќе го замени Матијаж Брумен на десната крилна позиција.

РК Вардар денеска го потврди и трансферот на шпанскиот репрезентативец Жоан Кањељас кој ќе биде ново шпанско големо име кај нашиот шампион.

canellas2

Канељас ќе ја зголеми шпанската колонија во Вардар, каде веќе играат неговите репрезентативни колеги Штербик, Македа и Душебаев, а стручниот штаб го предводи Раул Гонзалес, заедно со помошникот Давид Дејвис Камара.

Средниот бек во моментов настапува за Кил, а во кариерата играл во БМ Гањољерс (2004-2006), Барселона (2005-2008), Гарњољерс (2008-2009), Сиудад Реал (2009-2011), Атлетико Мадрид (2011-2013) и Хамбург (2013-2014).

Во Вардар ќе играат и Вуко Борозан, Блаж Благотиншек, а си заминуваат Блаженко Лацковиќ, Алем Тоскиќ, Сергеј Горбок и Матијаж Брумен.