Ждрепката непожелна за шампионот Џоковиќ на гренслемот Австралија опен

Во Мелбурн се одржа ждрепката за претстојниот гренслем Австралија опен кој започнува за три дена.

Novak Djokovic of Serbia celebrates defeating Gilles Muller of Luxembourg to win their men's singles fourth round match at the Australian Open 2015 tennis tournament in Melbourne January 26, 2015.       REUTERS/Issei Kato (AUSTRALIA  - Tags: SPORT TENNIS)

Истата привлече навистина големо внимание поради интересните двојки и распоредот кој најавува вистински спектакл во завршницата на турнирот.

Па така ждрепката ги стави на иста страна двајцата најдобри тенисери на денешнината, Џоковиќ и Федерер кој би се сретнале во полуфиналето.

Србинот ја почнува одбраната на петтата титула со корејскиот тенисер Кјеон Чунг, додека прв противник на Федерер е Басилашвили од Грузија.

На оваа страна од ждребод се и Григор Димитров, Томаш Бердих, Марин Чилиќ, Жо-Вилфирд Цонга и Ник Кирјос.

На другата страна од костурот останаа останатите најголеми фаворити за висок пласман, Енди Мареј и Рафаел Надал, а покрај нивниот евентуален дуел во полуфиналето, за истакнување е тоа дека во овој дел од ждрепката се и тенисери како Стен Вавринка и Давид Ферер.