Во Мелбурн се одржа ждрепката за претстојниот гренслем Австралија опен кој започнува за три дена.
Истата привлече навистина големо внимание поради интересните двојки и распоредот кој најавува вистински спектакл во завршницата на турнирот.
Па така ждрепката ги стави на иста страна двајцата најдобри тенисери на денешнината, Џоковиќ и Федерер кој би се сретнале во полуфиналето.
Србинот ја почнува одбраната на петтата титула со корејскиот тенисер Кјеон Чунг, додека прв противник на Федерер е Басилашвили од Грузија.
На оваа страна од ждребод се и Григор Димитров, Томаш Бердих, Марин Чилиќ, Жо-Вилфирд Цонга и Ник Кирјос.
На другата страна од костурот останаа останатите најголеми фаворити за висок пласман, Енди Мареј и Рафаел Надал, а покрај нивниот евентуален дуел во полуфиналето, за истакнување е тоа дека во овој дел од ждрепката се и тенисери како Стен Вавринка и Давид Ферер.