Кошаркарите на МЗТ Скопје во СЦ Јане Сандански конечно стигна до нова победа и одигра еден квалитетен меч во АБА лигата, победувајчи ја убедливо Унион Олимпија со 81:62.
На првиот меч на МЗТ Скопје во АБА лигата без тренерот Алеш Пипан кој си поднесе оставка по поразот од Цедевита во минатото коло, стигна до победа под водство на неговиот асистент Александар Јончевски и до петиот триумф во сезоната.
Најефикасен кај домашниот тим беше репрезентативецот Дамјан Стојановски со 20 поени, Протиќ и Луковиќ постигнаа 14, односно 13 поени.
Одбраната одигра голема улога кај МЗТ Скопје во победата и сите кошаркари максимално се потрудија во овој сегмент од натпреварот.
Со оваа победа МЗТ Скопје конечно доби шанса да се тргне од дното на табелата, со надеж дека со оваа убедлива победа ќе ја врати публиката во „ СЦ Јане Сандански“.
Следен противник на МЗТ Скопје во регионалното натпреварување ќе биде Металац, а натпреварот се игра на 19 декември во Ваљево.
Ова се најинтересните моменти од натпеварот МЗТ Скопје – Унион Олимпија…