Видео: Легендарниот голман на Сао Паоло, Рожерио Сени стави крај на кариерата

Loading

Легендарниот бразилски голман Рожерио Сени конечно реши да стави крај на својата богата фудбалска кариера.

ceni1

Сени на мечот Сао Паоло-Гоиас требаше да го игра последниот во кариерата на легендарниот голман, но сепак тој не настапи поради повреда на глуждот.

Рожерио Сени дресот на Сао Паоло го носеше од 1992 година, а официјално е најдобриот голгетер меѓу голманите, со постигнати 131 гол на 1256 натпревари.

42-годишниот голман од 1997 година во секоја сезона постигнал најмалку по два гола. Сени е шестиот најдобар стрелец во историјата на Сао Паоло.

APTOPIX Brazil Soccer Ceni Retires

Во кариерата има освоено 20 трофеи, вклучувајќи и три шампионски титули во Бразил и две во Копа Либертадорес.

Беше дел и од бразилската репрезентација која во 2002 година стана светски шампион во Јапонија и Јужна Кореа.

Ова е прошталниот натпревар на Сени во Сао Паоло….

Дел од богата кариера на славниот голман на Сао Паоло кој беше еден и единствен, а фудбалот ќе загуби многу…