Видео: Лестер го победи шампионот Челзи и се врати на врвот во Премиер лигата

Loading

Најголемото изненадување во Англиската премиер лига тимот на Лестер повторно се врати на врвот во Англија по победата над актуелниот шампион Челзи со 2:1 во последниот натпревар од 16-то коло.

vardi

Најдобриот тандем на Островото Џејми Варди и Ријад Марез уште еднаш беа херои на ‘лисиците’.

Варди со својот 15-то гол оваа сезона, по асистенцијата на Марез го отвори резултатот во 34.минута, а на самиот почетокот од второто полувреме Алжирецот Марез постигна брилијантен гол, откако најпрвион го ‘измеша’ Аспиликуета, а потоа со левата нога ја пласираше топката во голот на Куртоа.

Челзи по еден час игра пропушти две големи шанси, најпрвин Диего Коста излезе сам пред Шмајхел, но не успеа да го совлада данскиот голман, а во наредниот напад Фикс пред самиот гол го блокира обидот на Ивановиќ.

‘Сините’ го ублажија поразот преку Реми, во 77.минута со погодокот со глава по центаршутот на Педро.

Па така Лестер по 16 кола има 10 победи и 35 бода, два повеќе од Арсенал и три од Манчестер Сити, додека Челзи е во долниот дел на табелата, на 16-то место, со само 15 бодови.

Сите голови од мечот Лестер-Челзи…