Франција го исфрли Карим Бензема од националниот тим

Loading

Карим Бензема играчот на Реал Мадрид е исфрлен од фудбалската репрезентација на Франција.

benzema2

Бензема е суспендиран поради наводен обид за изнуда на пари од репрезентативниот соиграч Матје Валбуена.

На почетокот на минатиот месец, Бензема заврши в полиција под сомнение дека е вмешан во изнуда на пари од Валбуена со видео снимка на сексуален чин, а доколку се докаже дека Бензема е виновен му се заканува петгодишна затворска казна.

Откако аферата излезе на виделина, Бензема изјави дека само сакал да му помогне на Валбуена, односно дека бил само посредник помеѓу соиграчот и својот пријател од детството кој наводно ја поседувал секс снимката.

Ова беше тешка одлука“, изјавил првиот човек на францускиот фудбал.

benzema1

Бензема има 27 години, репрезентативниот дрес го носи од 2007 година, одиграл 81 натпревар, а со 27 постигнати голови е најдобриот стрелец на оваа генерација француски фудбалери.