Серена Вилијамс е спортска личност на годината според магазинот ,,Sports Illustrated,,

Серена Вилијамс е прогласена за спортска личност на годината во изборот на магазинот „Спорт Илустрејтед“.

serena cover

Серена е првата спортистка која самостојно ја добила оваа награда во последните 30 години, а покрај Серена во конкуренција за спортска личност на годината беа Новак Џоковиќ, Стеф Кари, Усеин Болт и Лионел Меси.

Серена оваа година освои 3 грен слем титули Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, забележа 53 победи и само три порази.  Таа по седми пат ја понесе и наградата за тенисерка на годината.

„Спорт Илустрејтед со оваа награда ја препозна мојата посветеност, одлучност и труд, ова ми дава надеж дека можам да бидам уште подобра. Ова е големо достигнување не само за мене туку и за целиот мој тим и за сите мои навивачи изјави Серена.

Американката е првата жена која самостојно ја освоила оваа награда по атлетичарката Мери Декер во 1983 година.