Видео: Кливленд го испрати Коби со пораз, Бостон ги доби Клиперси по продолжение!

Loading

12 средби се одигра во НБА лигата.

kobe-king

Лејкерси загубија во Кливленд со 120:111. Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 29 поени, 7 скока и 11 асистенции, но најефикасен кај Кливленд беше Кајри Ирвинг, со 35 поени.

Коби Брајант од Кливленд се прости со 17 поени, а најефикасен кај Лејкерси беше Лу Вилијамс со 28 поени.

Томас постигна 36 поени, вклучувајќи ги и последните во регуларниот дел, со кој натпреварот против Клиперси го однесе во продолжение, по кое Бостон победи со 139:134.

Покрај Томас уште петмина кошаркари на Бостон постигнаа двоцифрен број на поени. Во редовите на Клиперс, Крис Пол даде 35 поени и 13 асистенции, Редик постигна 27 поени, а Деандре Џордан 21 поен и 16 скокови.

Голден Стејт стигна до нова победа кај отпишаните Сонца со 112:104. Стеф Кари заврши со 26 поени и по 9 скокови и асистенции.

Голден Стејт има 48 победи и само 4 порази и моментало е во серија од 11 победи по ред.

Демијан Лилард постигна 31 поен во победата на Портланд над Хјустон од 116:103. Џејмс Харден за Хјустон уфрли 34 поени.

Карл-Ентони Таунс со 35 поени и 11 скокови ја предводеше Минесота до победата над Торонто од 117:112. Демар Дерозан мечот го заврши со 35 поени кај поразениот тим.

Во другите средби Бруклин-Мемфис 90:109, Детроит-Денвер 92:103, Њу Орлеанс-Јута 100:96, Чикаго-Атланта 90:113, Индијана-Шарлот 95:117, Орландо-Сан Антонио 96:98 и Филаделфија-Сакраменто 110:114.

За вечерва предвидени се само 2 средби.