Шарапова повторно се повреди, го откажа Катар опен!

Марија Шарапова ја обнови старата повреда и се повлече од ВТА турнирот во Катар.

LG Maria Sharapova to miss Qatar Open

Шарапова се мачи со проблемот подолго време, и мораше да се повлече од подготвителниот турнир во Бризбејн пред првиот гренд слем од сезоната.

Таа играше во Мелбурн, каде што загуби од Серена Вилијамс во четвртфиналето. 28-годишната Русинка оттогаш нема играно, бидејќи не беше искористена за двојки во рускиот Фед куп дуел со Холандија, кој Русинките го загубија со 3:1.

„Нема да можам да играм во Доха поради повреда на левата рака. Се надевам дека ќе се видиме со фановите следната година“, изјави Шарапова

Таа во 2015 имаше и повреда на ногата поради која пропушти три месеци, вклучувајќи го и УС опен.