Фишер доби отказ, Рамбис нов тренер на Њујорк Никс!

НБА тимот на Њујорк Никс му врачи отказ на тренерот Дерек Фишер и за нов тренер го именува Курт Рамбис.

New York Knicks interim head coach Kurt Rambis talks to reporters after a practice in Greenburgh, N.Y., Monday, Feb. 8, 2016. Derek Fisher was fired as New York Knicks coach Monday, with his team having lost five straight and nine of 10 to fall well back in the Eastern Conference playoff race. (AP Photo/Seth Wenig)

Претседателот на најбогатиот НБА тим Фил Џексон обелодени дека дојде до прекин на соработката со Фишер, кој на клупата беше од 10 јуни 2014 година, и за тоа време има постигнато резултат од 40-96.

Рамбис е 27-ми тренер во франшизата на Њујорк никс, претходно го водеше тимот на Минесота Тимбервулфс во две сезони и имаше постигнато резултат од 56-145.

Рамбис ја почна својата играчка кариера токму во Никси, кои во 1980 година го избраа како 58-ми пик во третата рунда на НБА драфтот.

rambis

NEW YORK, NY - OCTOBER 26: Kurt Rambis and Derek Fisher of the New York Knicks during open practice at Madison Square Garden on October 26, 2014 in New York City, New York. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and/or using this Photograph, user is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2014 NBAE (Photo by David Dow/NBAE via Getty Images)

Моментално Њујорк Никс има резултат од 23-31 и се наоѓаат на 12-тото место во Источната конференција и се борат за плеј-офот.