Видео: Кикс на Арсенал кога најмалку требаше, Ливерпул го победи лидерот Лестер!

Loading

Арсенал ја пропушти шансата да се искачи на врвот во Премиер лигата, откако во последниот натпревар од 18-то коло беа прегазени нагости од Саутемптон со 4-0.

sout-arse

Саутемптон дојде во водство со одличниот удар од речиси 30 метри до Мартин во 19 минута, а победата на домашните во второто полувреме ја потврдија Лонг, кој беше прецизен во 55-тата минута и во втората минута од судиското продолжение, и Фонте во 69 минута.

На тој начин Арсенал остана на второто место на табелата со 36 бодови, два помалку од водечкиот Лестер, кој беше поразен со 1-0 на гостувањето кај Ливерпул со што конечно ја заврши серијата од 10 натпревари без пораз.

Саутемптон со оваа победа има 24 бодови е се наоѓа на 12-ти место во англиската премиер лига.