Спектакл во СЦ Јане Сандански… Дербито МЗТ Скопје – Мега Лекс со отворени врати за сите љубители на кошарката!

Loading

Управата на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром направи одличен потег за дерби натпреварот од 17.коло против Мега Лекс во АБА лигата, влезот да биде слободен за сите љубители на кошарката.

mzt-mega

Натпреварот се игра во понеделник на 28 декември со почеток од 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за горните трибини од СЦ „Јане Сандански“.

За оние кои ќе сакаат мечот да го проследат од ВИП секциите, цената на билетите останува 200 денари.

Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат во серија од три победи по ред и со евентуален триумф против Мега би значело доаѓање на само две победи до четвртата позиција на која се наоѓа следниот ривал на металците.

mzt mzt

Досега нашиот шампион има 7 победи и 9 порази во АБА лигата и се наоѓа на 6-тото место со 23 бода, а до крајот на сезоната треба да се одиграат уште 10 кола.