УЕФА го објави идеалниот тим за 2015 година

Loading

УЕФА го објави идеалниот тим за 2015 година, кој е избран со помош на гласовите на речиси 8 милиони луѓе, кои гласале на профилот на Twitter на УЕФА.

uefa-toty-2015-winners2015

Очекувано доминираат фудбалерите на Барселона, кои во 2015 освоија 5 од шесте можни титули.

Барса има петмина фудбалери, Реал Мадрид има тројца, двајца има Баерн, а еден Јувентус во идеалниот тим на УЕФА за 2015 година.

Најмногу гласови доби Меси 70%, следуваат Давид Алаба со 69, Иниеста 63, Нојер 59, додека Кристијано Роналдо добил ‘само’ 41% од гласовите.

Идеалниот е со формација 4-3-3 а се наоѓаат:

Нојер (Баерн Минхен)
Дани Алвес (Барселона)
Рамос (Реал Мадрид)
Пике (Барселона)
Давид Алаба (Баерн Минхен)
Погба (Јувентус)
Иниеста (Барселона)
Хамес Родригез (Реал Мадрид)
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Нејмар (Барселона)
Меси (Барселона)