Гевгелија и Кожув домаќини на завршниот турнир на кошаркарскиот куп на Македонија

Финалистот од 2015 година, Кожув и градот Гевгелија ја добија организацијата на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија.

kozuv

Кожув беше единствениот клуб што беше пријавен на лицитацијата организирана од Македонската кошаркарска федерација за домаќин на завршницата од Купот на Македонија.

Гевгелија на тој начин по прв пат во историјата ќе биде организатор на едно вакво натпреварување.

На завршниот турнир во Гевгелија во салата „26 Април“ од Купот на Македонија кој ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2016 година ќе учествуваат најдобрите 8 екипи во машка и четирите најдобри клуба во нашата женска кошарка.

На завршниот турнир или популарниот „фајнл 8“ во машка конкуренција ќе нема ждрепка.

Претходно ќе се одигра мини плеј-оф, во кој ќе се сретнат првопласираната екипа со последнопласираната, односно по системот (1-8, 2-7, 3-6, 4-5).

И четирите најдобро пласирани по првиот дела на првенството во женска конкуренција, по следниов распоред:

19.02.2016 Четвртфинални натпревари:
20:00 4-5 Д
18:00 3-6 Ц
15:30 2-7 Б
13:00 1-8 А

20.02.2016 Полуфинални натпревари:
13:00 1-4 А Женски куп
15:30 2-3 Б Женски куп
18:00 А-Д Ф
20:30 Б-Ц Г

21.02.2016 Финални натпревари
15:30 А-Б Финале на Купот (Жени)
18:00 Ф-Г Финале на Купот (Мажи)

Организаторот на Финалниот турнир за Купот на Македонија, Кожув , ги доби правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања и Прирачникот за организација на Финалниот турнир.