Шок во Кливленд Кавалирс… Тренерот Блат доби отказ!

Сосема неочекувано, нба тимот на Кливленд Кавалирс му врачи отказ на досегашниот тренер Дејвид Блат.

Cleveland Cavaliers head coach David Blatt listens to a question in a news conference after the Cavaliers were defeated by the Golden State Warriors, 105-97, in Game 6 of basketball's NBA Finals in Cleveland, Wednesday, June 17, 2015. The Warriors won the best-of-seven game series 4-2.  (AP Photo/Paul Sancya)
Cleveland Cavaliers head coach David Blatt listens to a question in a news conference after the Cavaliers were defeated by the Golden State Warriors, 105-97, in Game 6 of basketball’s NBA Finals in Cleveland, Wednesday, June 17, 2015. The Warriors won the best-of-seven game series 4-2. (AP Photo/Paul Sancya)

Оваа вест ја пренесуваат највлијателните американски медиуми, а моментално Кливленд е лидер на истокот со 30 победи и 11 порази.

Сепак како што се шпекулира, отказот за Блат доаѓа по убедливиот пораз од актуелниот шампион Голден Стејт пред неколку дена, кога Кливленд загуби со +34 поени разлика.

Дејвид Блат има скор од 83 победи и 40 порази како тренер на Кливленд, а ангажманот во Кавалирс му беше и прв НБА тим во тренерската кариера.