Видео: Кливленд го доби дербито со Клиперс, Спарси со 12 победа по ред!

Loading

5 средби се одиграа во НБА лигата.

jor-leb

Во дербито Кливленд го победи ЛА Клиперс со 115-102. Двоецот Леброн Џејмс-Џеј Ар Смит постигнаа по 22 поени, додека на спротивната страна се истакна Крис Пол со 30 поени и 9 асистенции.

Сан Антонио без проблеми славеше нагости кај Феникс 117:89. Бобан Марјановиќ го одигра најдобриот меч од доаѓањето во НБА лигата, со прв ‘дабл дабл’ учинок 21 поен и 13 скокови.

Мемфис славеше над Денвер 102:101. Марк Гасол даде 27 поени, а Конли 20 поени кај Мемфис, додека најефикасни во редовите на Денвер, со по 17 поени, беа Данило Галинари и Кенет Фарид.

Њу Орлеанс, против Детроит, стигна до победата од 115-99 и стигна до четвртата победа на последните пет натпревари. Ентони Дејвис постигна 32 поени, а Тарик Еванс имаше учинок од 22 поени и 10 асистенции.

И Сакраменто исто така е во добра форма и стигна до четврттата победа по ред, а на свој терен совладана беше Атланта со 91-88 и моментално го држи 8-то место на Западот.

За вечерва предвидени се 9 нба средби.