РК Вардар остана трет во групата во ЛШ и во 1/8 финалето ќе игра со Висла Плок!

Loading

Во ракометната лига на шампиони заврши фазата по групи.

var-mon

Македонскиот првак Вардар, во Б групата, оствари 9 победи и 5 порази и го освои третото место кое во осминафиналето за противник му го донесе полскиот тим Висла Плок.

Во осминафиналето, слободни ќе бидат ПСЖ и Барселона, кои ги освоија првите места во своите групи, додека тимовите кои се пласираа од второто до шестото место, како и победниците од мечевите во кои играа најдобрите два тима од ‘послабите’ групи Ц и Д ќе играат за пласман во 1/4 финалето.

Вардар првиот осминафинален меч ќе го игра на гостински терен, а ќе биде домаќин во реваншот.

Доколку Вардар се пласира во четвртфиналето, проектиран противник за пласман на завршниот турнир веројатно ќе му биде незгодниот Веспрем, кој е голем фаворит во осминафиналето против Мотор Запорожје.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат во периодот од 16 до 20 март, а реваншите во периодот од 23 до 27 март.

Во другите осминафинални двојки ќе играат:
Мешков Брест-Киелце
Монпеље-Фленсбург
ПИК Сегед-Кил
Загреб-Рајн Некар.